Makfax 2m

Утре облачно и постудено, наместа над 30 литри дожд на квадратен метар

Времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 д»»»

makfax.com.mk
Press24 6m

Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, се обрати на отворањето на 17-тата меѓународна конференција на тема „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества – ризици и предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридс»»»

press24.mk
Makfax 7m

Руте: НАТО има планови за одговор на руските саботажи и инцидентите со дронови

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека Алијансата има планови за одговор на акти на саботажа и инциденти со дронови. Од друга страна, данската разузнавачка служба предупреди на ескалација на руската хибридна кампања. Руте рече дека НАТО е способен да одговори на таквите закани»»»

makfax.com.mk
Press24 11m

Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека е избран за нов потпретседател на СДСМ, нагласувајќи дека ја прифаќа функцијата со големо чувство на одговорност. Тој посочи дека доаѓа од локалната политика и секојдневните средби со граѓаните»»»

press24.mk
Press24 19m

Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба

Вчера околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил два објекти во изградба. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лице нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР С»»»

press24.mk
Press24 23m

Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на Центарот за управување со промени – ЦУП, предводени од извршната директорка Неда Малеска-Сачмароска. Претставничките на ЦУП, најпрво ја запознаа со причините и целите на нивната иницијатива за овозможување бесплатен пристап д»»»

press24.mk
Makfax 31m

Абас до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги исполни ветувањата дадени на арапските земји за спречување на раселувањето на Палестинците и анексијата на палестинска територија. Абас се обрати со однапред снимен говор на 81. заседание на Генерал»»»

makfax.com.mk
Press24 35m

Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која беше избран за потпретседател на партијата, повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа. „Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мор»»»

press24.mk
Press24 43m

Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс

Министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Главни теми на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспекти»»»

press24.mk
Press24 48m

Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка

Вчера во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна расправија, поради нерасчистени имотно-правни односи, во домот на неговиот сосед А.Ш.(38) од Скопје, со остар предмет го нападнал и им нанел повреди на А.Ш., неговата с»»»

press24.mk
Makfax 55m

Трамп и Ши се сретнаа во Белата куќа: на маса трговијата, безбедноста и ВИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го прими кинескиот претседател Ши Џинпинг во Белата куќа, на нивната втора средба годинава и прва посета на Ши на Вашингтон по повеќе од една деценија. Двајцата лидери порачаа дека сакаат стабилни односи меѓу двете најголеми светски економии, иако меѓу»»»

makfax.com.mk
Press24 60m

Вдовицата на Саша Поповиќ: „Ме заборавија од сцената, знам многу работи, ќе раскажам сè“

Пејачката Сузана Јовановиќ, вдовица на основачот на „Гранд“, Саша Поповиќ, во подкастот на свештеникот Предраг Поповиќ отворено проговори за животот по загубата на нејзиниот сопруг, истакнувајќи дека токму духовната поддршка од свештеникот ѝ помогнала да го надмине најтешкиот период. Гостувајќи во »»»

press24.mk
Zurnal 1h

Петровска: Две години зборувавме внатре во СДСМ, предлозите и решенијата беа игнорирани

Актуелната пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг на организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ги образложи причините поради кои незадоволството од состојбите во партијата почнало јавно да се изнесува. Според Петровска, пре»»»

zurnal.mk
Zurnal 1h

Кој е Стојан Чифлигароски, бизнисменот што ѝ се предаде на полицијата

Кој е Стојан Чифлигароски, 44-годишниот бизнисмен познат по милионските тендери со РЕК „Битола“, кој по речиси три години недостапност за органите на прогонот се врати во Македонија и на 22 септември беше приведен на граничниот премин „Свети Наум“? Чифлигароски се барал со централна потерница по на»»»

zurnal.mk
Press24 1h

Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција

Вчера во 11:45 часот во Полициското одделение Зајас, 69-годишник од кичевско село пријави дека, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот брат С.С.(66). Се работи на расчистување на случајот.»»»

press24.mk
Press24 1h

Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените температури во 17 часот, како и максималните дневни температури за 24 септември 2026 година. Според табеларниот приказ, најниска температура во 17 часот е забележана на Попова Шапка со 9,4 степени, додека највисока измер»»»

press24.mk
Makfax 1h

Москва благодарна на поканата за самитот во Мајами: Одлуката е на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе одлучи дали ќе отпатува на самитот на Г20 во Мајами, а Москва е благодарна за поканата, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков. „Ќе ги разгледаме сите околности поврзани со актуелната ситуација. Претседателот, сек»»»

makfax.com.mk
VECER 1h

Бидете дел од конференцијата која ги носи германските и регионалните експерти за контролинг во Скопј

Какви компетенции ќе им бидат потребни на контролерите во ерата на вештачката интелигенција, како технологијата ги менува финансиските функции и на кој начин компаниите можат подобро да ги претворат податоците во деловни одлуки? Овие прашања ќе бидат разработувани на 7-та Германско-македонска конфе»»»

vecer.mk
Press24 1h

Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва во Охрид се обрати на отворањето на 17. Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и со поддршка на МВР. Тој истак»»»

press24.mk
Makfax 2h

Насилството врз жените во политиката - предизвик за демократското општество

Вториот ден од тркалезната маса за унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија, е посветен на сексизам, вознемирување и насилство врз жените во парламентот. Настанот го отвори модераторот Даниел Ѓоќески, едукатор и службеник з»»»

makfax.com.mk
Press24 2h

Во недела е тежок празник и строг пост

Православните верници во недела, 27 септември, го слават големиот празник Крстовден, односно Воздвижението на чесниот крст, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и неговото враќање од Персија во Ерусалим. Празникот потсетува на историскиот настанот кога бил»»»

press24.mk
VECER 2h

ВИДЕО | ФРЛАЛ ОТПАД, ПА ЌЕ ГО СОБИРА: Казнет скопјанецот снимен како истовара ѓубре во Ченто

Снимката објавена на социјалните мрежи ги активирала инспекциските служби на Општина Гази Баба, кои го идентификувале Р.Ј. и му наложиле да го отстрани отпадот што го истоварил. Скопјанецот кој беше снимен како со камион незаконски одложува отпад на улицата „Јужноморавски Бригади“ во Ченто е казнет»»»

vecer.mk
Zurnal 2h

Демографското празнење на земјава со конкретна потврда на терен – недостигот на деца ги затвори училиштата

Она за што одамна предупредуваат демографските анализи и официјалната статистика, во струшкиот регион веќе е сурова реалност. Училишните врати во селата Богојци, Поум, Џепин и Нерези оваа есен останаа заклучени. Бројките се повеќе од поразителни – во Нерези немало ниту едно дете, во Богојци и Поум »»»

zurnal.mk
Zurnal 2h

Љупчо Пецов – Ѓаволот доби условна двегодишна казна, 8 илјади евра парична казна и 10 години забрана за работа

Љупчо Пецов Ѓаволот откако за случајот „Синџир“ беше во бегство и кон крајот на минатата година се предаде на органите на прогонот денеска е осуден на условна казна затвор од две години врз основа на признание на вина пред точно еден месец. Двегодишната казна затвор нема да се реализира ако тој во »»»

zurnal.mk
Zurnal 2h

ДЗР за безбедноста на производите: Недостаток на инспекции и проверка на квалитет во странски лаборатории

Недоволен број инспектори, проблеми со дигитализацијата, неправилности при распоредувањето на вработените и слабости во финансиското и материјалното работење, непопишани градежни објекти и лиценци, неевидентирани залихи, службени возила со нејасен статус – ова се само дел од наодите во најновиот ре»»»

zurnal.mk
Press24 2h

Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца

Во Младеновац, околу 14 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале градски автобус и автомобил марка „Голф“, дознава „Телеграф“. Автомобилот го управувал 17-годишен млад човек кој бил на обука за возач, додека на совозачкото седиште се наоѓал инструкторот по возење. Според првичните »»»

press24.mk
VECER 2h

ВМРО-ДПМНЕ ПОТСЕТУВА НА ФАКТИТЕ: Заев ја отвори „атс груп“, со него беше и Шекеринска

По обвинувањата на СДСМ за наводното финансирање на американската лобистичка компанија „Mercury Public Affairs“ од страна на „АТС груп“, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека актуелната влада нема никаква поврзаност со приватниот договор меѓу двете компании. Од владејачката партија потсетуваат дека „АТС гру»»»

vecer.mk
Zurnal 2h

Уставните судии се поставија над сите функционери – можат да бидат намалени сите, но само нашите плати не

Уставниот суд донесе одлука дека не уставно е платите на уставните судии да се намалат, а на останатите избрани и именувани лица од Собранието да бидат намалени. Ваквата одлука Уставен ја испрати до собранието каде што пратениците едногласно ја поддржаа и гласаа ЗА. Со тоа сите избрани и именувани »»»

zurnal.mk
Zurnal 2h

Левица им даде рок на партиите до понеделник за можен договор за распределба на средствата за платено политичко рекламирање

Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка по иницијативата на Левица за рамноправно распоредување на средствата за платено политичко рекламирање дополнително ги заострува позициите на партијата во Собранието. Од партијата се децидни дека понеделник е последен ден за продолжување на разговорит»»»

zurnal.mk
Press24 2h

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 24 септември 2026 година, во 15:28 часот, во Црна Гора. Епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географска ширина 42,6848 и географска должина 18,9116, јужно од Никшиќ, недалеку од Меѓеѓа. Според пода»»»

press24.mk
VECER 2h

ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Андоновски очекува странски капитал од 500 милиони долари

Привлекување приватни инвестиции во дата-центри и изградба на национален податочен центар се дел од плановите на Владата за унапредување на дигиталната инфраструктура, при што се очекува овие проекти да донесат нови инвестиции и да придонесат за економскиот развој, истакна денеска министерот за диг»»»

vecer.mk
Zurnal 2h

Мемов: Зголемувањето на пензиите за септември ќе изнесува 3 отсто

Пензиите за следниот месец на пензионерските сметки ќе легнат покачени за три отсто, потврди директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. Зголемувањето овој пат се врши согласно законското решение, а не линеарно како што бараа дел од пензионерите. Па така, пензионер чија»»»

zurnal.mk
Zurnal 2h

„Здрава котлина“: Нацрт-просторниот план до 2040 година претпоставува отварање и на рудници

Нацрт-просторниот план 2040 за Југоисточниот Плански Регион причина за реакции кај дел од јавноста. „Здрава котлина“ повика на масовно обединување против отворање нови рудници. Од „Здрава котлина“ оценуваат дека со ваквите плански решенија се отвора можност за пренамена на земјиштето во намена Г1 –»»»

zurnal.mk
Makfax 2h

Гринкевич: САД продолжуваат да го поддржуваат НАТО, но Европејците мора да преземат поголема улога во одбраната

Врховниот командант на НАТО за Европа, генералот на американските воздухопловни сили Алексус Гринкевич, денес изјави дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да обезбедуваат „критични, но поограничени капацитети“ за алијансата, додека Европејците преземаат поголема улога во одбраната на кон»»»

makfax.com.mk
Press24 2h

Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа кон 106 долари, откако трговците останаа разочарани од индиректните разговори меѓу САД и Иран насочени кон ставање крај на конфликтот – разговори за кои се очекуваше дека ќе го отворат патот за нормализирање на испораките низ Ормускиот теснец. На п»»»

press24.mk
VECER 2h

СКОПЈЕ И ДУБАИ ДИРЕКТНО ОД МАРТ: Николоски најави нова авионска линија со ОАЕ

Од март следната година Македонија ќе биде директно поврзана со Дубаи, а во меѓувреме се преговара и за нова авионска линија од Охрид до еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, што би отворило дополнителни можности за туризмот и бизнисот, најави денеска во Собранието министерот за транс»»»

vecer.mk
Makfax 2h

Гаши со европратениците од Мешовитиот парламентарен комитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со европратениците кои учествуваат на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) Северна Македонија – Европска Унија, кој на 24 и 25 септември 2026 година се одржува во Собранието на Република Северна Македонија. Во отсуств»»»

makfax.com.mk
Press24 2h

Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, побара од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, одговор како неговото министерство дало согласност за Нацрт-просторниот план во кој се предвидува отворање на уште пет рудници на метали. Тренчевска посочи дека во изминатиот период »»»

press24.mk
Press24 2h

Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за т»»»

press24.mk
Press24 3h

Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата

Весна Ѓорѓиева, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања постави три прашања, во областа на транспортот, здравството и економијата. ,,Транспортната поврзаност е од особено значење за нашата земја со другите земји. Многу зависи таа транспортна поврзано»»»

press24.mk
Press24 3h

Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри

Вулканот Етна денеска е повторно активен и исфрли пепел во висина од околу четири километри. Италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија издаде највисок степен на предупредување за авијацијата. Но, и покрај предупредувањето засега не е затворен меѓународниот аеродром во Катанија. Поради акт»»»

press24.mk
Makfax 3h

Трамп и Џјинпинг во трка за превласт во областа на вештачката интелигенција

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ што ќе ја има во текот на денот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, кој е во посета на Вашингтон. „Голем ден со претседателот Шји на Кина. Суперинтелигенцијата (СИ) ќе биде голем»»»

makfax.com.mk
Makfax 3h

Шпедиции, полицајци и царински службеници во операцијата „Филтер“: разбиен комплексен систем за шверц на големи количини цигари

Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и надлежниот јавен обвинител, а во меѓуинституционална соработка со БЈБ – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен к»»»

makfax.com.mk
Press24 3h

Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, утре (петок, 25.09.2026 година) со почеток во 12:00 часот ќе учествува на настанот што се организира на Машинскиот факултет во Скопје во рамки на програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026. Манифестацијата е подд»»»

press24.mk
Press24 3h

Мицкоски со македонската делегација во Њујорк: Одбележана 25-годишнината од нападите на 11 септември

Македонската делегација на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година. Настанот во меморијалниот музеј на местото на некогашните кули»»»

press24.mk
Press24 3h

Серафимовски: Реализирани 90 отсто од субвенциите, исплатени 6,5 милијарди денари

Годинава се реализирани околу 90 проценти од средствата предвидени за финансиска поддршка во земјоделството, при што досега се исплатени околу 6,5 милијарди денари субвенции, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собр»»»

press24.mk
Press24 4h

Божиновска: Одземени над 40 концесии за минерални суровини, ќе се проверува случајот со варовникот во Студеничани

Досега се одземени над 40 концесии за експлоатација на минерални суровини поради утврдени нерегуларности, а концесиските надоместоци се зголемени за 100 проценти, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со п»»»

press24.mk
Press24 4h

Ристески: Мерката за намален ДДВ на горивата им заштедува на граѓаните до 350 илјади евра дневно

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, порача дека актуелната енергетска и економска криза е една од најголемите во поновата историја, додавајќи дека Владата при носењето на мерките приоритет им дава на заштитата на животниот стандард и стабилноста на економијата. Отфрлајќи ги кри»»»

press24.mk
Makfax 4h

Туск: Поканата до Путин на самитот на Г20 во Мајами е погрешен сигнал за Москва

Поканата до рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Г20 во Мајами во декември би можела да ја охрабри Москва да продолжи со својата агресија врз Украина, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск. „Доколку поканата до Путин на Г20 би можела да нè приближи до одржливо решение за конфликт»»»

makfax.com.mk
Zurnal 4h

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Зат»»»

zurnal.mk